
Органски производи со еколошко географско потекло
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
-
Содржи 18 амино киселини, дури шест пати повеќе отколку што има во матичниот млеч, кој се смета за супер-храна! Од нив, дури осум се есенцијални, односно се незаменливи бидејќи не се синтезират од човечкото тело,
-
Дури 21 минерал, меѓу кои антиканцерогениот германиум, потоа содржи калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен, јод и други,
-
29 видови есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем,
-
6 основни витамини: Ц (500% повеќе отколку во портокалите), комплекс Б витамини неопходни за претворање на храната во енергија (Б1, Б2, Б6), потоа витамин E (ретко го има во овошјето) и провитамин А (исто колку и во морковите),
-
повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),
-
Циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми,
-
полисахариди,
-
солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,
-
Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б,
-
Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кој ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црниот дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК,
-
Комплетен спектар на антиоксиданси - каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеаксантин (друг каротеноид кој ги штити очите). Гоџи е најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници,
-
Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс. Се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ).

- Гоџи бобинки ( сушени, свежи, замрзнати)
Еве како гоџи влијае на здравјето:
-
го зајакнува имунолошкиот систем,
-
го забавува процесот на стареење,
-
дава сила и енергија,
-
спречува леукемија и други карциноми,
-
спречува болести на срцето и крвните садови,
-
има антибактериски и антивоспалителни својства,
-
ја подобрува плодноста кај жените,
-
го подобруваат квалитетот на спермата,
-
го подобрува видот,
-
ја подобрува циркулацијата во целиот организам,
-
штити од појава на дијабет,
-
ја зголемува еластичноста и влажноста на кожата,
-
служи како афродизијак.
Гоџи е храна и лек за долг век! Доволни се 10-30 gr дневно
- Џем од Гоџи бобинки
- Крема од Гоџи бобинки
Заради подолгиот период на екстракција на маслото од Гоџи, кремата може и да ја нема на залиха , па поради тоа ќе треба да резервирате.
Кремата се нанесува во мали количини на полувлажна или сува кожа, во зависност од типот и потребите на кожата.
Содржи – органско масло од лен, чист пчелин восок, екстарт масло од гоџи,органско кокосово масло, органски мед.
- Јаболка
- Јабоклов оцет
Eве неколку рецепти кои се покажале како многу успешни при одредени пореметувања и заболувања.
Против хроничен замор
Во шоља мед се ставаат три лажички јаболков оцет. Смесата се става во тегла и се земаат по две лажички секоја вечер пред спиење.
Друг начин е да една лажичка јаболков оцет се стави во чаша вода и да се пие за време на ручекот.
Против главоболка
Да се испие чаша вода со две лажички мед и две лажички јаболков оцет.
Против изгоретини
На изгоретините се нанесува разреден јаболков оцет неколку пати во текот на денот. Јаболковиот оцет ќе ја спречи појавата на пликови и ќе ја намали болката.
За намалување на крвниот притисок
Три пати дневно да се пие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.
За испирање на грлото
Во чаша вода да се додаде една лажичка јаболков оцет и со овој раствор да се испира грлото секој два часа.
Против воспаление и болки во синусите
Неколку пати во денот да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.
Против ревматски болки во зглобовите
На болните места во текот на ноќта се става памучна ткаенина натопена со јаболков оцет, а врз неа се става волнена ткаенина.
Со секој оброк се пие чаша вода со две лажички јаболков оцет.
Против екцем
Заболените места се мачкаат со јаболков оцет четири пати во текот на денот и три пати во текот на ноќта. Набрзо екцемот и јадежот ќе се изгубат.
За слабеење
Секое утро на празен желудник да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет или со секој оброк да се испие чаша вода со две лижички оцет. Терапијата трае два месеци. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на наталоженото масно ткиво.
Против проширени вени
Секое утро и вечер да се истрие кожата над проширените вени со чист јаболков оцет и два пати дневно да се испие чаша вода со две лажички јаболков оцет. Оваа терапија трае месец дена.
За чиста кожа
Еден дел јаболков оцет да се помеша со осум дела вода и со таа течност три пати дневно да се прска лицето.
Наши производи

Г0ЏИ БЕРИ
Гоџи е дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите, со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Расте 1,5 до 2 m во височина. Цвета од мај до крајот на септември, а плодовите сукцесивно созреваат од јуни до крајот на октомври. Плодовите се јадат свежи или сушени. Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите.
На почетокот од овој век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот! Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето!
Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџи е супериорно прв! Да појасниме дека, колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.